Конечно: Јувентус заигра во свој стил и го прегази Емполи (ВИДЕО)

303

По многу критики, конечно, Јувентус заигра во свој стил. Вечерва во мечот од 11. коло од Серија А, „старата Дама“ славеше со убедливи 4:0 пред своите навивачи на дуелот со Емполи.

„Бјанконерите“ поведоа уште во осмата минута. Филип Косиќ нафрли, а Мојс Кин погоди за 1:0. Домашните имаа уште две одлични шанси да ја зголемат предноста, но на пауза се замина со минимална предност.

Во 56. минута од натпреварот домашните го постигнуваат вториот гол. По корнерот на Куадрадо, Мекени со глава погоди за 2:0. Печат на победата стави првиот гол на Рабио во 83. Минута, а истиот фудбалер во судиското продолжение погоди и вторпат за конечни 4:0.

Јувентус стигна до втората последователна победа и моментално е на седмото место на табелата.

ПретходноПромашувањето на Мбапе за кое долго ќе се зборува (ВИДЕО)
СледноРеал е преголем залак за Црвена Звезда