Новинар правејќи интервју со Меси, почна да плаче од среќа (ВИДЕО)

127

Лионел Меси по теркот на Диего Марадона, во Аргентина е сметан за повеќе од само обичен човек и сериозно добар фудбалер. Тој е сметан за божевство, кое аргентинците го почитуваат и обожаваат до граница на невозможното.
Меси е херојот на оваа земјас дваесетина години, а особено по освојувањето на КОпа Америка, истото прераснува до крај ни граници.
Во едно ексклузивно интервју направено од страна на новинарот Пабло Гиларт, од каналот „Directv Sports“, реномираниот новинар од возбуда во еден момент почна да плаче.

„Единствено што сакам е да бидеш среќен. Да ти биде добро во животот. Тоа ти го заслужуваш. Не знаеш колку ти се восхитувам, целиот живот сонував за ова интервју, но мислев дека никогаш нема да ми се случи да седам спроти тебе. Ти благодарам од се срце“ – рече Гиларт, на што Меси одговори.

„Благодарам. Знам дека и во Аргентина и во целиот свет луѓето ме следат не само затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што сум и ваков како личност. Низ она што за мене го дознале низ интервјуата како ова со тебе“ – рече Меси.

 

ПретходноГави ја освои наградата „Голден бој“
СледноСелекцијата до 17 години го совлада Косово во вториот меч од квалификацискиот турнир