Словенечкиот голман Јан Облак се повреди на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Тој доживеа потрес на мозокот и го напушти мечот 20-тина минути пред крајот. Тој го пропушти натпреварот со Рајо Ваљекано, а Облак не се ни сеќава дека бранел на натпреварот во Билбао.
„Не се сеќавам дека бранев на тој натпревар. За среќа состојбата се подобрува. Сега е подобро. Веќе од утре се враќам на терените“, изјави Облак.
Словенецот ќе биде меѓу диреците на Атлетико на мечот против Бетис во недела.