Објавени деталите од договорот на Халанд: Во 2024 година може да си оди за 200 милиони евра!

263

Денеска магазинот „Атлетик“ ги објави деталите од договорот кој Ерлинг Халанд го има со англискиот првак Манчестер Сити.

Магазинот ја потврди информацијата дека договорот на норвешкиот напаѓач од 2024 година ќе вклучува ослободителна клаузула од 200 милиони евра. Оваа вест претходно ја објави шпанскиот весник „Марка“.

Во исто време, изворот вели дека отштетата за Халанд ќе важи за сите клубови, освен за англиските. Ако во 2024 година некој понуди 200 милиони евра за Халанд, Манчестер Сити ќе биде принуден да го пушти напаѓачот да си замине.

ПретходноШокоски со 15 гола за втора победа на Прилеп
СледноПромашувањето на Мбапе за кое долго ќе се зборува (ВИДЕО)