ОФИЦИЈАЛНО: Симона Халеп суспендирана поради допинг

159

Романската тенисерка со македонски корени Симона Халеп е суспендирана од тенисот поради позитивен допинг тест. Некогашната светска тенисерка број 1 била позитивна на примерок земен за време на УС Опен, поради што додека трае истрагата и борбата за правда таа не може да игра тенис.

Симона во 2018 година се закити со титулата на Ролан Гарос, а една година поцона и на Вимблдон ја декласира Серена Вилијамс,а претходно два пати губеше финале на Ролан Гарос и еднаш на Австралија Опен.

Таа освои 24 ВТА трофеи, а оваа година се врати на големата сцена, а пред да стигне веста за суспензијата, Халеп најави дека за нејзе сезоната е завршена. Инаку на УС Опен кога и била тестирана испадна уште на самиот старт.

ПретходноMилевски: Индивидуалните можности да ги ставиме во функција на тактичките замисли
СледноОблак се враќа по повредата: Не се ни сеќавам дека бранев во Билбао