Дека Жерард Пике е една од иконите на Барселона, секако дека е општо познат факт. Дека неговите денови како лидер на тимот и движечка сила со оглед на годините се минато исто така е непобитен факт. Сезонава тој ретко добива шанса, уште помалку како стартер, па снимките од синоќешниот дуел против Виљареал секако дека се и тоа како добар показатател за она што Пике во моментов го мисли и прави во тимот.
Во триумфот од 3:0 ветеранот беше испратен на загревање, но наместо да се труди што подобро да влезе во мечот, тој стоеше потпрен на корнер знаменцето во стилот на играчите од „сандеј“ лигите во Англија, или кај нас популарно наречените „селски лиги“.
Ayer en el Camp Nou tuve la suerte de poder disfrutar de la intensidad de @3gerardpique en el calentamiento! #Brutal #SinPalabras #Piqué #Calentamiento #Monotonía #CampNou #Barça #Villarreal pic.twitter.com/obvrbVa9NW
— キン肉マン (@Q85Sg) October 21, 2022