По точно едно месечна пауза поради повредата со која се здоби на куп натпреварот со Гостивар, Валмир Нафиу, еден од најдобрите играчи на Шкендија се врати во тимот на тетовци и почна да ги одработува тренинзите заедно со своите клупски колеги.
Секако дека ова е добра вест за стратегот Ќатип Османи во пресрет на стартот на вториот круг од тековната сезона во ПМФЛ.
Шкендија во среда гостува на Автокоманда каде се среќава со Скопје, а потоа следниот викенд исто така гостува, и тоа во Кратово кај Силекс.
Со заздравувањето на офанзивецот, Османи веќе нема проблеми со повредени играчи, сите му се ставени на располагање деновиве, се разбира освен репрезентативците Стојановски, Хасани, Захов, Дориев и Бејтулаи, кои се во Абу Даби каде утре ќе ги бранат боите на Македонија на пријателскиот меч со С. Арабија.