Промашувањето на Мбапе за кое долго ќе се зборува (ВИДЕО)

712

Во 36. минута на денешниот меч меѓу Ајачио и ПСЖ во француската Лига 1, еден од најголемите млади фудбалски таленти во светот, Килијан Мбапе ја направи веројатно една од најголемите грешки во кариерата.

По феноменалната акција на ПСЖ, Ахраф Хакими несебично му асистираше на Мбапе, кој од десетина метри наместо во мрежата топката ја испрати далеку над голот.

Напаѓачот на ПСЖ очигледно го обвини нерамниот терен за промашувањето.

ПретходноОбјавени деталите од договорот на Халанд: Во 2024 година може да си оди за 200 милиони евра!
СледноКонечно: Јувентус заигра во свој стил и го прегази Емполи (ВИДЕО)