И ако е од Роналдо многу е. Португалецот со потегот кој што го направи за време на мечот со Тотенхем, кога си замина во соблекувалната, ја допре таа црвена линија која означува граница од многу сакање до многу мразење. Се разбира тука мислиме на фановите на еден од најголемиот клуб во светот. Некогаш беше икона на Јунајтед, кога се врати фановите го дочекаа како КРАЛ. А тој им врати на овој начин.
Тренерот Ерик тен Хаг и клубот веднаш реагираа, го суспендираа и ќе мора да тренира со младинците, потоа тој се јави со свое видување, но немаше никаде извини во неговите зборови.
Сега се шпекулира дека Јунајтед ќе му спрема казна од милион фунти и дека ќе му врачи отказ, односно ќе го пушти да си оди без отштета. Тоа значи дека Португалецот веќе никогаш нема да за игра за тимот од “Олд Трафорд“. Прашање е само кој клуб ќе сака да го ангажира арогантниот и себичен Роналдо.
Дури сега се гледа колку е паметен Флорентино Перез кога пред неколку години ја “откачи“ својата главна ѕвезда тогаш, и го „пушти“ да оди во Јувентус, а колку не се паметни во клубот од Торино.
Со Роналдо во тимот ти си имаше проблем. Можеби затоа веќе месеци наназад во јавноста во Португалија се бара од селекторот тој Роналдо да го седне на клупата за резерви.
Очигледно е дека еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, најдобар во последните 15-20 години заедно со Меси мора да сфати дека веќе е крај со неговата кариера.