Хајдук против Динамо, Атанасов против Ристовски и Адеми

127

Денеска во рамките од новото ХНЛ коло на стадионот Пољуд во Сплит од 18:00 часот се игра големото дерби од шампионатот на Хрватска помеѓу екипите на Хајдук и Динамо.

Домаќинот предводен од нашиот репрезентативец Јани Атанасов ќе заигра против своите колеги од националниот тим Стефан Ристовски односно Аријан Адеми во еден од најинтересните дуели од годинешното првенство.

Пред преполни трибини и распродаден стадион Хадук ќе се обиде да го совлада лидерот на табелата кој во моментов „бега“ осум бода. Евентуалниот триумф на домашните би ја направил оваа разлика по опиплива за стигање, додека пак евентуалната победа на Диамо ќе ја направи разликата речиси недостижна.

 

ПретходноЈунајтед ќе купува од Ајакс и спортски директор!
СледноПике се загрева потпрен на корнер знаме (ВИДЕО)