Чеферин го возвраќа ударот: Суперлигата не е фудбал!

169

Иако во последните неколку денови се засилија најавите дека сепак Суперлигата ќе ја биде, а во Шпанија е „лудница“, сепак првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин смета дека не е време за никаква паника и дека истата нема шанси.

Познато е дека три големи клубови, и тоа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус ја туркаат целата работа, а во нивно име пратено е писмо и до самиот Чеферин.

Инаку Словенецот момнетално е во Аргентина на еден голем медиумсми настан, па така по повод Суперлигата тој шеретски им одговараше на прашањата на тамошните новинари.

Што се случува? Видете, тука сме да разговараме за фудбал. А Суперлигата не е фудбал. Раководството на Суперлигата ми испрати писмо, но јас сеуште немам време да го прочитам. Сигурен сум дека ќе сторат се да ја остварат нивната идеја“ посочи Чеферин.

ПретходноКарим Бензема: Трите соништа ми се остварија!
СледноЕве како Златан ги малтретира своите соиграчи во Милан! (ВИДЕО)