Шокоски со 15 гола за втора победа на Прилеп

104

Ракометарите на Прилеп славеа со 33:29 над екипата на Куманово во вториот меч од 7. суперлигашко коло. Вечерва во својата сала, прилепчани беа подобар тим од Куманово и со една стабилна игра во двете полувремиња на крајот ја прославија втората победа оваа сезона.

Предноста од 6 гола на полувреме (18:12) се чини дека беше најава за конечниот расплет на мечот, иако во вториот дел гостите успеаја да се вратат во ритам и да ја намалат негативата.

Играч на мечот беше Шокоски кој постигна 15 гола за прилепчани.

ПретходноАлба го намачи европскиот шампион, но остана со празни раце
СледноОбјавени деталите од договорот на Халанд: Во 2024 година може да си оди за 200 милиони евра!