Јувентус му нуди нов договор на Бонучи

84

И покрај гласините дека Леонардо Бонучи може да го напушти Јувентус , последните информации се дека клубот ќе му понуди нов договор. 35-годишниот дефанзивец оваа сезона не ја игра во најдобро светло. Па затоа на дербито против Торино остана на клупата и влезе во второто полувреме кога се повреди Бремер.

Според новинарот Ромео Агрести, Бонучи ќе потпише нов договор со Јуве, кој ќе го задржи на Алијанц Арена до 2025 година. Дефанзивецот очигледно е подготвен да продолжи да биде дел од клубот, иако Масимилијано Алегри повеќе не се потпира на него толку многу и не го смета за прва опција.

 

ПретходноТен Хаг: Роналдо одби да влезе во игра, последици мора да има
СледноГави ја освои наградата „Голден бој“