Јунајтед ќе купува од Ајакс и спортски директор!

135

И дефинитивно Ерик тен Хаг ги презема конците во своите раце во редовите на Манчестер Јунајтед. Најдобар доказ за тоа е што успеа да го откачи Кристијано Роналдо, но не запира само на тоа. Имено Холанѓанецот сега сака и “свој“ спортски директор и тоа во името на Едвин ван дер Сар, поранешниот голман на Јунајтед, на Ајакс, Јувентус. Еден од најдобрите чувари на мрежата во светот во свое време.

Ван де Сар моментално е спортски директор во Ајакс, а Тен Хаг и тоа како добро е запознаен со неговата квалитетна работа на оваа функција па го сака токму некогашниот голман. Се чини дека Ајакс тука е немоќен, ги нема тие пари како Јунајтед па ќе мора да си бара нов спортски директор.

ПретходноКК Работнички Видеолотарија Казинос Австрија официјално потпишаа соработка
СледноХајдук против Динамо, Атанасов против Ристовски и Адеми