Младиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ одигра одличен меч за екипата на Борац Бања Лука во рамките на 2. коло од турнирскиот дел на АБА 2 лигата. Симиќ постигна 12 поени за 17 минути поминати на паркетот на дуелот кој неговиот тим го доби со 80:71 против екипата на Осијек.
Симиќ постигна една тројка, шутираше 4/6 за два поени, а погоди еднаш и од линијата за слободни фрлања.
Ова беше втора победа за Борац кој се израмни на врвот со екипата на Пелистер.
фото: АБА 2