ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА КК РАБОТНИЧКИ

124

Видеолотарија Касинос Австрија од денес е нов спонзор на КК Работнички. Ова ново спонзорство е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот.

Како општествено-одговорна компанија, со задоволство ја споделуваме информацијата дека во иднина ќе бидеме дел од спонзорскиот тим на Работнички. Како одговорна и модерна компанија веруваме дека најдобриот начин да придонесеме за нашата заедница, е да вложуваме во неа. Во таа насока, остануваме посветени на реализирањето на нашите цели, амбициозна поддршка на спорт, со што заеднички придонесуваме за градење на спортски вредности. Со оваа соработка, преку овој спонзорски договор, нашата компанија силно верува дека во многу скоро време, сите заедно ќе се радуваме на успесите на кошаркарите на Работнички, нагласуваат од Видеолотарија.

Директорот на КК Работнички кој воедно е и една од најголемите легенди на клубот, Горан Веселиноски изрази благодарност за поддршката.

„Благодарни сме на добиената помош, со која продолжуваме по патот кон враќање на старата шампионска слава на нашиот клуб“-изјави Веселиновски.

Денес по потпишувањето на договорот за спонзорство, на прес-конференција беше промовиран новиот дрес на капитенот на КК Работнички, Горјан Марковски.

ПретходноЛажни вести за повреда на Карим Бензема
СледноMилевски: Индивидуалните можности да ги ставиме во функција на тактичките замисли