Големото хрватско дерби без победник: Адеми и Ристовски извадија реми кај Атанасов

136

Хајдук и Динамо Загреб одиграа нерешено, 1:1 на големото дерби во хрватскиот фудбалски шампиона. На „Пољуд“, домашните поведоа со голот на Ливаја во првото полувреме, додека упорните гости со гол о дпенал преку Петковиќ на дваесетина минути пред крајот успеаја да изборат еден бод.

Аријан Адеми беше единствениот стартер на дербито од македонските репрезентативци, додек Стефан Ристовски кај Динамо и Јани Атанасов кај Хајдук добија шанса од клупата во последните 10-минути од средбата.

Ремито многу повеќе му одговара на Динамо кој останува лидер на табелата со 8 бода предност пред својот вечен ривал.

ПретходноЧави: Не знам зошто навивачите му свират на Пике, тој е одличен капитен
Следно12 поени на Симиќ во победата на Борац БЛ во АБА 2 лигата