Во 36. минута на денешниот меч меѓу Ајачио и ПСЖ во француската Лига 1, еден од најголемите млади фудбалски таленти во светот, Килијан Мбапе ја направи веројатно една од најголемите грешки во кариерата.
По феноменалната акција на ПСЖ, Ахраф Хакими несебично му асистираше на Мбапе, кој од десетина метри наместо во мрежата топката ја испрати далеку над голот.
Напаѓачот на ПСЖ очигледно го обвини нерамниот терен за промашувањето.
BAHAHAHA MBAPPE FAIS UN EFFORT pic.twitter.com/1zSUzVX0bH
— 𝐘𝐀𝐙𝐈𝐃 🇹🇳🇬🇷 (@yazid_m13) October 21, 2022