И покрај одличната победа на тимот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем од 2:0, овој триумф остана во сенка на проблемот кој го создаде Кристијано Роналдо. Тој како замена од клупата одби да влезе во игра на мечот, и што е уште поважно на неколку минути до крајот на дуелот замина во соблекувалната.
По ова, секако следуваше реакција од страна на клубот, кој на официјалната страница објави дека тој Роналдо е суспендиран и нема да е дел од екипата која викендов игра дуел против Челзи, а сето тоа е го потврди и самиот менаџер Ерик Тен Хаг на денешниот прес.
„Да, можам да потрдам дека Кристијано Роналдо одби да влезе во игра на дуелот со Тотенхем од клупата. Ова е потег кој Роналдо свесно го направи и за тоа мора да има последици. Казната секако е многу важна поради менталитетот на тимот и пристапот на останатите играчи во тимот“ – изјави Тен Хаг.