Жерар Пике беше исвиркан на мечот меѓу Барселона и Виљареал на „Ноу Камп“ кој заврши со победа на „каталонците“ со 3:0. Тренерот на Барса, Чави му дада поддршка на Пике кого навивачите го исвиркуваа за време на натпреварот.
„Повикувам на единство, а не на раздор. Време е да се држиме заедно. Можам само да кажам дека во соблекувалната тој е пример за останатите. Тој е одличен капитен. Луѓето треба да го знаат тоа. Затоа не знам зошто навивачите му свиреа, а не ми е ни гајле… Мене ми е важно Пике да е со нас во соблекувалната и да го дава најдоброто од себе за тимот. Среќен сум што сум му тренер. Оваа победа над Виљареал ни беше потребна за да ја подигнеме самодовербата“, изјави Чави.