Горицан ги расплака Мрме и Горица

503

Уште еден меч и уште еден пораз на екс македонскиот селектор Игор Ангеловски на клупата на хрватскиот лигаш Горица. Овојпат на гостивањето кај Локомотива каде гостите загубија со 2:1.

Сандро Куленовиќ ги доведе домашните во водство од 1:0, а потоа Горица израмни преку Фрук. Конечниот резултат го постави Силвио Горицан во 74. минута од мечот.

Горица и Ангеловски се заковани за дното од табелата со само шест бода од 13 мечеви и речиси и да немаат шанса да се спасат од испаѓање уште во оваа фаза од шампионатот.

 

ПретходноМиовски не застанува, нов гол и водство за Абердин (ВИДЕО)
СледноБаерн сигурен против Хофенхајм, Дортмунд го „разби“ Штутгарт (ВИДЕО)