Голманот на Милан, Мајк Мањан нема да биде дел од француската репрезентација на СП 2022 во Катар поради повреда. Голманот штотуку заздрави од стара повреда и се очекуваше да се врати меѓу диреците, но за време на тренинг повторно се повредил и повторно ќе мора да паузира. Ова го потврди и тренерот на Милан, Стефано Пиоли кој додаде дека нема да може да смета на голманот на мечевите од Серија А и од ЛШ дури до јануари 2023 година.
Мањан претходно се повреди на мечот меѓу Франција и Австрија во Лигата на нациите. Веројатно Франција ќе мора и без Нголо Канте затоа што се одолговлечи неговиот кам-бек на терените поради повреда.