Ајнтрахт Франкфурт како гостин, во меч од 11.коло во Бундеслигата, успеа со 1:3 да го победи тимот на Борусија Менхенгладбах. Гостинот во сите елементи на фудбалска игра беше подобарод Менхегладбах и можеше овој триумф да биде уште поубедлив.
Линдстром уште во 6.минута го отвори резултатот. Емимбе и уште еднаш Линдстром стрелаа за 0:3 во првиот дел.
Во второто полувреме Борусија се обиде нешто да стори, но успеа само да го ублажи резултатот на 1:3 со голот на Турам во 73.минута.