Во новото 11. коло во Бундес лигата, тимот на Баерн Минхен немаше поголеми проблеми да стигн до нова победа. На гостувањето кај Хофенхајм триумфираше со 2:0 со головите на Мусиала и Чупо Мотинг, и на тој начин остана во трка со лидерот Унион Берлин за првото место.
Од друга страна тимот на Борусија Дортмунд со високи 5:0 на домашен терен го совлада Шутгарт. Билингем на два пати, Зиле, Рејна и Моукоко ја затресоа противничката мрежа.
Голеада и во Аугзбург каде домаќинот успеа да одигра 3:3 против Ред Бул Лајпциг. Домаќинот имаше водство од 3:1 до последните моменти преку головите на Бериша, Демировиќ и Варгас, а за гостите погоди Силва, за да во последните секунди од пораз спасуваат Нкуку и Новоа Рамос.
Резултати:
Аугзбург – Ред Бул Лајпциг 3:3
БАер Леверкузен – Волфсбург 2:2
Борусија Дортмунд – Штутгарт 5:0
Фрајбург – Вердер 2:0
Хофенхајм – Баерн 0:2