Дуелот со С. Арабија е можност да се види потенцијалот на оваа Македонија!

230

 

Денеска во 16.30 часот во Абу Даби (ОАЕ), репрезентацијата на Македонија составена од играчи кои играат во домашниот шампионат, во пријателски натпревар ќе ги одмери силите со селекцијата на С. Арабија. Селекција која за нејзе ќе биде подготвителен меч за настап на СП во Катар кое започнува следниот месец.

Селекторот Благоја Милевски ќе има добра можност на оваа средба со силен противник, да се здобие со увид со потенцијалот на оние играчи кои важат за најдобри во нашата ПМФЛ. Дел од нив се повратници во А-тимот, дел од нив пак ја чекаат својата шанса.

Како штои вели самиот Милевски, мечот ќе биде од затворен карактер, тоа ќе биде своевиден тренинг натпревар и шанса ќе добијат сите оние кои отпатуваа за Абу Даби.

Инаку за Македонија овој меч ќе биде втор со Саудиска Арабија. И првиот беш исто пријателски кој се одигра на 01.08.2001 година, значи пред 21 години во Ријад. Тој меч заврши 1:1, и тогаш селекцијата беше “комбинирана“. Стрелец на голот беше Мазнов а тогашниот селектор Ѓоре Јовановски им даде шанса на следните играчи: Муарем Зекир, Горан Ставревски, Димитар Капинковски, Тони Бандулиев, Роберт Петров, Драган Веселиновски, Панче Стојанов, Игњатов, Игор Николаески, Горан Мазнов, Мирослав Ѓокиќ. Играа и Гоце Грујовски, Јорданчо Стојменовски, Дејан Димитровски, Роберт Попов, Ванчо Костов.

Интересно, тогаш С. Арабија ја предводеше Слободан Сантрач кој четири години подоцна кусо беше и селектор на Македонија.

ПретходноПроблем во канадската репрезентација – главниот играч забранил да се продава неговиот дрес
СледноМартин ќе стартува прв во Малезија, Квартараро со квалификации за заборав