Е.Пелистер едвај се справи со Пролет!

99

Е.Пелистер едвај дојде до победа против Пролет во рамките на седмото коло во Супер-лигата, благодарение на серијата од 1-8 во последните десет минути од мечот славеше со 23-24. Овој меч требаше да биде предупредување на битолскиот состав пред стартот на европскиот предизвик.

Хосни со шест гола беше прв стрелец, Костески имаше четири. На другата страна Аларов имаше пет погодоци.

Битолчани не минаа според очекувањата на гостувањето кај Пролет, кој излезе мотивирано, покажа дека битките мора да се решаваат со пот. Гостите тргнаа со серија од 0-3, го одржуваа водството до пред крајот на првото полувреме, кога Пролет со серија од 4-0 направи пресврт за 12-11.

Пролет продолжи во ист ритам, дојде на 18-15, а потоа и со 21-16 во 49 минута. Битолчани вратија на голема врата со серија од 1-8 и поведоа со 22-24. Василевски со третиот погодок намали на 23-24 пред самиот финиш, немаше време за нешто повеќе. Останува скопскиот состав да жали што не ја искористи шансата за сензација.

Претходно Радовиш на домашен терен беше совладан од Скопје со 23-24.

Во групата А, Охрид ја искористи предноста на домашен терен го совлада Вардар Неготино со 28-25. Ончев со девет гола беше прв стрелец, Шешиќи Андоноски реализираа по седум. На другата страна Ташев беше стрелец на шест гола.

ПретходноМилан држи чекор со врвот (ВИДЕО)
СледноЈунајтед се спаси од пораз во 90+4.минута, Варан се повреди…(ВИДЕО)