Мејџор Сокер Лигата ги објави платите на фудбалерите кои настапуваат за локалните клубови, па оваа година е урнат рекордот по тоа прашање. Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње е на врвот со неверојатни 14 милиони долари по сезона со што драстично го подорби претходниот рекорд кој го држеше Џердан Шаќири чија плата во Чикаго Фајр изнесува 8,153 милиони долари на годишно ниво.
На третото место е Хавиер „Чичарито“ Хернандез, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед со плата од 7,44 милиони долари во дресот на Лос Анџелес Галакси, а четврти е Фернандо Бернардески кој во јули му се приклучи на Торонто за плата од 6,26 милиони евра.
Show me the money 💰@MLSPA has updated the 2022 salary guide and #TFCLive‘s Italians have stolen the headlines 🇨🇦🇮🇹 pic.twitter.com/vVPWXJdWpI
— Transfermarkt.us (@TMusa_news) October 17, 2022