Криштоф Даум откри дека боледува од рак

187

Еден од најпопуларните тренери во Германија во деведесеттите години на минатиот век, Криштоф Даум соопшти дека има рак. 68-годишниот тренер не кажа детали, но посочи дека се повлекува од јавниот живот за да се лекува.

„За жал, морам да се повлечам од јавниот живот во наредните месеци бидејќи ми дијагностицираа рак за време на лекарските прегледи. Сега сум во рацете на доктор Јирген Волф и неговиот тим во Келн, кои се најдобри во оваа област. Третманот оди добро и воодушевен сум поради тоа“, напишал Даум на „Инстаграм“.

Даум ја почна тренерската кариера во Келн во 1986 година. Во 1990 година го предводеше Штутгарт до шампионската титула во Бундес лигата. Во периодот од 1996-2000, работеше како тренер на Баер Леверкузен од каде беше отпуштен по скандалот со кокаин.

Исто така беше тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Австрија Виена, Бриж, Бешикташ, Фенербахче и Бурсаспор. Во 2016/17 беше селектор на Романија од каде замина откако не успеа да се квалификува на СП 2018.

 

ПретходноМеси и Мбапе како на видео игра: Гол за најавните шпици… (видео)
СледноЈокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над шампионот