Мартин ќе стартува прв во Малезија, Квартараро со квалификации за заборав

67

Хорхе Мартин со Дукати ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Малезиа. Шпанецот имаше најбрз круг на денешните квалификации на патеката „Сепанг“ со време од 1:57.790 минути и беше побрз од Енеа Бастијанини кој заврши втор, а третото место го зазема Марк Маркез.
Од четвртото место ќе стартува Марко Базеки, а од петтото Алекс Ринс. Следуваат Лука Марини, Франко Морбидели, Маверик Вињалес и Франческо Бањаја.
А лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро имаше лоши квалификации затоа што поради пад не успеа да се избори за подобар пласман. Тој ќе тргне од 12-тата позиција.

ПретходноДуелот со С. Арабија е можност да се види потенцијалот на оваа Македонија!
СледноНајмногу ремија на Челзи-Манчестер Јунајтед од сите други дуели во Премиер лигата