Најмногу ремија на Челзи-Манчестер Јунајтед од сите други дуели во Премиер лигата

83

Вечерва во Премиер лигата ќе се соочат Челзи и Манчестер Јунајтед во рамките на 13.коло. Поранешните шампиони ќе играат на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи е во серија од седум натпревари без пораз под водство на новиот стратег Грем Потер (пет победи и две ремија). Во Манчестер Јунајтед изминатите денови се случија бурни моменти, а тренерот Ерик тен Хаг го исклучи Кристијано Роналдо од првиот тим поради непослушност.

Додека трае сагата со Роналдо, од тимот ќе недостасуваат уште Марсијал, Ван Бисака, Вилијамс, Ван де Бек кои се повредени. Гринвуд одамна е вон стројот затоа што е под истрага на полицијата.

На последните три меча Jунајтед запиша две победи, над Евертон и Тотенхем и реми со Њукасл. „Ѓаволите“ моментално се на 6. место на табелата со 19 бодови, а Челзи е едно место погоре со бод повеќе.

Да кажеме дека и Челзи не е без проблеми. Канте, Рис Џејмс и Фофана се повредени.

Сега малку статистика:
-Челзи нема победа во девет премиерлигашки дуели против Манчестер Јунајтед, со шест ремија и три порази.

– Од сите премиерлигашки натпревари, на дуелите меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед имало најмногу ремија, дури 25.

-На последните три натпревари Челзи не прими ниту еден гол. Претходно „сините“ примаа голови на шест едноподруго мечеви.

-„Ѓаволите“ годинава доживеа три порази по ред во Лондон (против лондонските екипи), што е нивна најлоша серија во главниот град по онаа меѓу април 1973 и јануари 1974 година кога загубиле пет пати.

-Аспиликуета ќе го изедначи рекордот на Петр Чех со 333 премиерлигашки настапи за Челзи.

ПретходноМартин ќе стартува прв во Малезија, Квартараро со квалификации за заборав
СледноПиоли потврди дека Мањан ќе го пропушти Мундијалот