Навистина неверојатни вести доаѓаат денеска од Тетово. Имено познати се проблемите, посебно финансиските, со кои се соочува ФК Тетекс, еден од нашите најголеми фудбалски брендови, клуб кој е еден од трите кои некогаш играле во Прва лига во екс – СФРЈ.
Неверојатно е тоа што ФК Љуботен, како третолигаш, како тетовски клубм како најстар клуб во Македонија има намера да помогне во финансиите односно да ги преземе “штофарите“ под “своја капа“.
Впрочем ова е соопштениет на ФК Љуботен на својот официјален ФБ профил….
„Цело Тетово едно фудбалско семејство!
На задоволство на сите љубители на фудбалот во Тетово, со особена чест и гордост, сакаме да објавиме дека раководството на ФК и ЖФК Љуботен, го превзема под своја капа и ФК Тетекс, со што своето семејство го проширивме со клуб, со 70 годишна традиција, која ќе продолжи по патеките на успехот.
На ФК Тетекс по турбилентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група “Војводи”, решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува!
Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај.
За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки.
Околу амбициите и плановите, новото раководство во текот на наредната недела ќе има и официјална прес, каде ќе бидете известени за нашите идни работи.
Спортски Поздрав!“