МЗТ Скопје дојде до првата победа во АБА-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен го совлада Студенски Центар со 92-79 и најави дека фановите можат да очекуваат уште вакви радосни денови.
„Мислам дека победивме одличен тим, кој во напад знае што сака, добро трча во транзиција. Момците го испочитуваа договореното, голема победа за нас, не чека домашно првенство. Продолжуваме со овој тежок распоред одиме во Љубљана против Цедевита.
Сигурно ќе биде полесно, победа е победа, бевме во грч со екипата на Гостивар, играчите после Подгорица беа со мислите кон Студенски центар. Добро ги анализиравме, ја затворивме пас играта против Партизан, напаѓавме одлично, пофалби до сите играчи, особено Кефи кој пружи феноменална партија. Честитки до момците, сите придонесоа за победата“, изјави Петровиќ по мечот.