Проблем во канадската репрезентација – главниот играч забранил да се продава неговиот дрес

271

Таман што Фудбалскиот сојуз на Канада ги подмири играчите со бонусите ветени за пласман на Светското фудбалско првенство, во репрезентацијата се појави нов проблем, а го предизвика првата ѕвезда Алфонсо Дејвис. Она што најпознатиот играч на Канада го прави може да ја расипе атмосферата и односот меѓу Федерацијата и националниот тим.

Имено Дејвис му забрани на ФС на Канада да го продава дресот со неговото име бидејќи, како што кажуваат неговите застапници, од тоа не добива пари, а смета дека би требало.

Се започна откако еден од спонзорите на репрезентацијата на Канада во август сними спот во кој би требало да се прослави големиот успех на тамошниот фудбал и пласманот на СП за прв пат по 1986 година, меѓутоа на крајот таа реклама не го одобри Ник Хуси, агентот на Алфонсо Дејвис од Баерн. Причината е што ниту една друга компанија освен онаа со која Дејвис има договор не може да ги користи „правата на комерцијална употреба на имиџот на спортистот“.

Агентот на Дејвис смета дека фудбалерите никогаш не добивале проценти од продажбата на дресови, иако смета дека го заслужуваат тоа, па така додека не се реши овој проблем – инсистира ФС на Канада да ги повлече дресовите на неговиот агент.

Канада е во групата со Мароко, Хрватска и Белгија.
ФОТО: ТСН.ЦА

 

ПретходноЈокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над шампионот
СледноДуелот со С. Арабија е можност да се види потенцијалот на оваа Македонија!