С. Арабија – Македонија за престиж: Тест како тренинг кој за ништо не се брои!

237

Нашата репрезентација, составена од домаши играчи, попладнево од 16:30 часот во Абу Даби, ќе ги одмери силите со селекцијата на Саудиска Арабија. Репрезентација која ќе игра на СП во Катар. Овој натпревар ќе биде пријателски или тренинг натпревар како што и самиот селектор Благоја Милевски кажа вчера во изјавата во пресрет на денешниот дуел. Ова ќе биде и своевиден тест кој за ништо не се брои. Ни за рејтинг поени на ФИФА листата ни за статистика, освен се разбира за престиж.

Секако дека ова не значи дека избраниците на Милевски не треба да го дадат својот максимум на овој меч кој треба да го покажа потенцијалот и подготвеноста на “домшните“ играчи за она што претстои догодина, а тоа се квалификациите за ЕВРО 2024 кои почнуваат од месец март. Ова е добра можност “домашните сили“ да му се наметнат на Милевски за тој евентуално да смета на нивните услуги во следниот период.

Мечот ќе биде од затворен карактер со многу измени, Милевски најави дека шанса за настап, или минутажа, ќе добијат сите играчи кои се во ростерот на репрезентацијата за овој натпревар.

ПретходноТФТ на тест во гостиварскиот „пекол“, Еуро Никел по целиот плен во Скопје!
СледноКаков пресврт: Тен Хаг и натаму ќе смета на Роналдо!