Екипата на Чаир 2030 ја доби драмата со Еуро Никел, херојот на домашниот тим е Павле Михајловски кој на една секунда до крајот реализираше за 74-73. За кавадарчани ова беше прв пораз оваа сезона, за дебитантот втора голема победа.
Кавадарчани беа подобри во првата четвртина поведоа со 16-21, но домаќинот брзо го врати ударот и на одморот замина со позитива од 38-34.
Во следните две четвртини се водеше вистинска битка на теренот која во своја корист ја реши Михајловски за голема радост во редовите на Чаир.
Мохамед со дабл-дабл од 24 поени и 12 скока беше лидер, зад него беше Фреклин со 25 поени. На другата страна Николовски имаше 19 поени и 9 скока.