Тимот на Манчестер Сити денеска покажа дека поразот од минатото коло против Ливерпул бил само еден лош ден и дека не оставил последици врз тим. Денеска Сити на домашен терен сосема очекувано им се врати на победите и триумфираше со 3:1 над Брајтон.
Ерлинг Халанд со два гола во првиот дел, еден под пенал покажа дека нема намера да сопре сезонава да постигнува голови, а мала дигресија во домашниот триумф направи голот на Тросард во 53. минута. Имаа гостите период на добра игра, дури и ситуации за израмнување но постоа дојде погодокот на Кевин Де Брујне кој во 75. минута ги постави конечните 3:1.
Во вториот дуел од терминот од 16:00 часот, Евертон со головите на Калверт Левин, Гордон и Мекнил стигна до сигурен триумф на домашен терен со 3:0 над Кристал Палас.
https://ok.ru/video/3884936268419