“Халанд ќе биде првиот кој ќе прави трансфер од милијарда фунти!“

290

Ерлинг Халанд е во центарот на вниманието во фудбалскиот свет откако имаше фантастичен старт сезонава. Норвежанецот во нападот на Манчестер Сити просто ги “тероризира“ противничките екипи.

Инаку познато е дека тој ова лето од Дортмунд се пресели во Сити за 60 милиони евра, секако дека овде не се земени парите за разните бонуси, неговиот договор и сите оние стапки од договорот на Халанд со пребогатиот клуб од Манчестер.

Ова се големи пари, но за неговата менаџерка Рафаела Пимента, која го зема под свое по смртта на Мино Раиола, допрва Халанд ќе прави мега – трансфери.

Мислам дека Халанд ќе биде првиот фудбалер во светот кој ќе направи трансфер вреден милијарда фунти. Ако се разбирате барем малку од фудбалскиот пазар, секако дека нормално да се споредуваат Мбапе и Халанд, но Ерлинг оди чекор напред“ рече покрај другото Пимента.

ПретходноНевидено: Битолските спортски фанови се шегуваат на своја сметка! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно„Шумарите“ го шокираа Ливерпул! (ВИДЕО)