Каков кикс на “редси“! Кога се мислеше дека тимот на Јирген Клоп се врати на победничките патеки, Ливерпул во меч од 13.коло во Премиерлигата е поразен на гостувањето кај Нотинген Форест и тоа со 1:0. Секако дека овој пораз ќе делува шокактно за тимот од „Енфилд“, но истиот доаѓа навистина заслужено ако се знае дека покрај голот на Авониу во 55.минута, домашниот состав имаше и неколку големи шанси за 2:0, но голманот на “редси“ Алисон Бекер го спасуваше својот тим. Во самиот финиш Хендерсон, домашниот голман спасуваше во два наврати со одлични интервенции.
Ова за Нотингем Форест е само втората победа сезона откако по долго, долго време некогашниот европски првак се врати во ПЛ.