Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над шампионот

123

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со својот Денвер го совладаа шампионот Голден Стејт во драматичен меч во Сан Франциско. Денвер славеше со 128:123, иако Вориорс неколку пати во завршницата успеваше да се врати во живот, но на крајот Нагетс успеаја да ги „докрајчат“ и да стигнат до првата победа во оваа сезона на НБА лигата.

Јокиќ го запиша првиот трипл-дабл во сезоната 2022/23, а вкупно 77. во кариерата и му недостасува уште еден меч со ваков скор за да се изедначи на седмото место на вечната листа со Вилт Чемберлејн.

Српскиот ас за помалку од 35 минути на паркетор впиша 26 поени, а притоа имаше 12 скокови и 10 асистенции. Кај Денвер ефикасни беа уште Браун со 20 поени, Кадвел-Поуп и Портер Џуниор со по 17. На другата страна Стеф Кари постигна 34 поени, додека Вигинс 23.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Њу Орлеанс  112:124
Индијана – Сан Антонио             134:137
Вашингтон – Чикаго       102:100
Атланта – Орландо        108:98
Бруклин – Торонто         109:105
Мајами – Бостон             104:111
Њујорк – Детроит           130:106
Хјустон – Мемфис           122:129
Минесота – Јута               126:132
Голден Стејт – Денвер 123:128
Портланд – Финикс        113:111

 

ПретходноКриштоф Даум откри дека боледува од рак
СледноПроблем во канадската репрезентација – главниот играч забранил да се продава неговиот дрес