Јунајтед се спаси од пораз во 90+4.минута, Варан се повреди…(ВИДЕО)

186

 

Во супер дербито во Премиерлигата од 13.коло, Челси и Јунјтед одиграа 1:1. Прво Челси поведе и тоа со гол од пенал во 87.минута, стрелец беше Жоржињо. Мектоминеј го фаулираше Броја во својот шеснаесетник и за судијата немаше дилеми. Тоа беше пенал.

Во 90+4.минута Каземиро успеа да го совлада Кепа и да донесе големо славје.Јунајтед во поголем дел од мечот одигра добро, во финишот на првиот дел преку Антони имаше супер шанса. Во продолжение од средбата Шалоба успеа даја погоди пречката на Де Хеа.

Се чини дека ова е реално реми.

Да кажеме дека во 60.минута се повреди Рафаел Варан, дефанзивецот на Јунајтед и мораше предвреме да го напушти теренот. Дали Варан ќе го пропушти СП во Катар, тоа допрва ќе се знае, се разбира дека сите во Франција со нетрпение ќе ги чекаат вестите од таборот на Јунајтед.

 

ПретходноЕ.Пелистер едвај се справи со Пролет!
СледноИ вториот битолски тим победнички низ Скопје, Тиквеш лесно со Голден Арт