Бајката продолжува: И освојувачот на Купот на колена пред Гостивар

145

Екипата на Гостивар продолжува со одличните резултати на стартот на сезоната во Првата лига. По триумфот над Пелистер, па актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје на гости, вечерва пред своите верни навивачи го совлада ТФТ со 90-83 за трета победа во низа.

Првите 20 минути имаше изедначена битка, во која за нијанса беа подобри домашните кошаркари, Готивар поведе со 24-22, а потоа следниот период го доби со два коша разлика за 46-42 на одморот.

Пресудна за победата на Гостивар беше третата четвртина, ја добија со 21-13 и на стартот на последните десет минути имаа позитва од 67-55, доволно за нови бодови и продолжување на бајката.

На втората средба од истиот термин, Куманово беше подобар од Кожув со 92-78 за прв триумф оваа сезона.

ПретходноАјнтрахт како гостин го “скрши“ Менхенгладбах! (ВИДЕО)
СледноЕлези погоди во триумфот на Вараждин