Брдаровски: Штета што немавте можност да ја проследите оваа судиска кражба

265

Македонскиот фудалски национален тим попладнево во Абу Даби загуби на пријателскиот меч против домаќинот Саудиска Арабија со минимални 1:0. Нашиот тим одигра добро, не ги искористи своите шанси, а прими наивен гол во последните моменти од мечот.
Потоа според инзвештајот, се случи судиска кражба од страна на судиската тројка од ОАЕ, која не досуди очигледен пенал за нас по играњето со рака на еден од домашните репрезентативци.

„Штета што ја немаше македонската јавност таа можност преку директен пренос да ја проследи оваа средба и да се увери во судиската кражба која ни се случи. Еден незаслужен пораз, во меч во кој обавивме се што ни постави селекторот. Имавме добра игра, добро функциониравме, добра транзиција, примивме еден наивен гол. Судиите направија неколку грешки, но тоа е тоа. Ние покажавме дека можеме да се носиме со вакви противници кои се дел од Мундијалот да парираме како што треба„ – изјави по мечот Владица Брдаровски.

ПретходноНеуспешен тест против Саудиска Арабија
СледноДориев: Одигравме супер, штета што недосуден пенал не спречи да дојдеме до поволен резултат