МЗТ Скопје вечерва (20:30 часот) ќе се обиде да дојде до првата победа во АБА-лига. Актуелниот македонски првак зад себе има тежок период, не само во јадранското натпреварување, туку и во домашниот шампионат, пред своите фанови беше поразен од Гостивар.
Иако Студенски Центар на почетокот се чинеше како вистинска шанса за триумф, сепак противникот во претходното коло против Партизан покажа дека е незгоден, па кошаркарите на МЗТ Скопје ќе мора добро да се испотат и да го подигнат нивото доколку сакаат да ја зграбат победата.
„Пред нас е првото натпреварување против екипа од четири гиганти, со кои можеме рамноправно да се натпреваруваме и да се надеваме на првиот триумф во друштво на најдобрите во регионот. СЦ Дерби е екипа која игра брза и модерна кошарка и не ни треба да играме најдобро што можеме за да стигнеме до посакуваната цел. Мора да настапиме агресивно, да имаме добра одбрана и да скокаме подобри од нашите противници. Многу ќе зависи и од нашиот контранапад кој досега не беше на нивото на кое сакавме. Конечниот заклучок е дека ако не го одработиме шутот, ако имаме лесни поени во контранападот и ако бидеме силни во одбраната, тогаш ќе се доближиме до првата победа во АБА“, изјави Петровиќ пред мечот.