Слично како и неговиот репрезенаттивен колега Владица Брдаровски, и Љупче Дориев е убеден дека Македонија денеска против Саудиска Арабија во Абу Даби одигра добро и покрај поразот од 1:0.
Нашиот национален тим е оштетен од страна на арбитрите, но тоа и не е така важно. Најбитно е она што селекторот Благоја Милевски го виде на теренот денеска и што позитивно ќе извлече од овие деведесет минути.
“Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата – изјави Дориев.