И конечно радост во Аеродром: Прва победа за МЗТ Скопје во АБА-лига (ФОТО)

209

МЗТ Скопје ја запиша првата победа во АБА-лига, откако на домашен терен го совлада Студенски Центар со 92-79 во рамките на четвртото коло. По трите порази во низа од Партизан, Црвена Звезда и Будуќност, токму против Студенски Центар „сино-белите“ ја гледааа својата шанса за триумф во кам-бекот во јадранското натпреварување.

Кефи со 22 поени беше прв стрелец, Дамјан Стојановски запиша 14, по 13 поени имаа Мицовиќ и Јигитоглу, 12 поени имаше Војдан Стојановски.

Во првите две четвртини видовме изедначена битка, на одморот беше 47-46 благодарение на тројката на Кефи, кој можеби ги има потегот на мечот.

Одморот најдобро му легна на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак имаше одличен влез во третата четвртина, ја отвори со серија со 13-2 и поведе со 60-48 во 25 минута, па со 65-52.

Во последните десет минути, тимот од Аеродром влезе со предност од десет коша (67-57). По само една минути во игра со поените на Јигитоглу и Кефи, МЗТ Скопје го зголеми водството на плус 15 (72-57) и најави дека победата дефинитивно останува во Аеродром. До крајот гостите притискаа, но избраниците на Александар Петровиќ не дозволија пресврт, искусно го приведоа дуелот.

Во следното коло, МЗТ Скопје е гостин на Цедевита Олимпија.

ПретходноРеакцијата на девојката кога го виде голиот Ковачиќ! (ВИДЕО+ФОТO)
СледноПетровиќ: Момците го испочитуваа договореното, Кефи одигра феноменално!