Ова со Роналдо навистина преминува во вистинска сапуница. Откако го направи тоа што го направи на мечот со Тотенхен, Португалецот беше суспендиран од страна на клубот, поточно од страна на тренерот Ерик тен Хаг. Се говореше дека Кристијано нема веќе да заигра за Јунајтед, исто така се шпекулираше дека клубот ќе го казни со еден милион евра.
Но, дали е баш така, посебно ако се земи в предвид последната изјава на Тен Хаг:
„Сметам на Роналдо до крајот на сезоната. Да, не сметам на мечот со Челзи, но потоа продолжуваме натаму. Кристијано е важен дел од нашата екипа, тој си тренира како би задржал формата за следниот меч со Шериф во Лига Европа. Сакам да биде на тој меч, сакам да биде вклучен на секој нареден натпревар“ посочи Тен Хаг.