Пиоли потврди дека Мањан ќе го пропушти Мундијалот

86

Голманот на Милан, Мајк Мањан нема да биде дел од француската репрезентација на СП 2022 во Катар поради повреда. Голманот штотуку заздрави од стара повреда и се очекуваше да се врати меѓу диреците, но за време на тренинг повторно се повредил и повторно ќе мора да паузира. Ова го потврди и тренерот на Милан, Стефано Пиоли кој додаде дека нема да може да смета на голманот на мечевите од Серија А и од ЛШ дури до јануари 2023 година.

Мањан претходно се повреди на мечот меѓу Франција и Австрија во Лигата на нациите. Веројатно Франција ќе мора и без Нголо Канте затоа што се одолговлечи неговиот кам-бек на терените поради повреда.

ПретходноНајмногу ремија на Челзи-Манчестер Јунајтед од сите други дуели во Премиер лигата
СледноВреме е МЗТ Скопје да се разбуди, Петровиќ го знае „рецептот“ за прва радост во АБА-лига!