Алкалоид и Бутел Скопје во битка за второто место!

94

Седмото коло во Супер лигата ќе биде комплетирано вечерва (19 часот) со пресметката меѓу Алкалоид и Бутел Скопје. Победникот од овој дуел ќе се зацврсти на второто место на табелата во групата А.

Двата тима имаат по пет победи и пораз, „паднаа“ само против актуелниот македонски првак Вардар.

Дебитантот во Супер лигата под водство на Кирил Лазаров за разлика од својот противник против Вардар се држеше до пред самиот крај, неискуството беше пресудно што пропушти голема шанса за сензација. Бутел пак против „црвено-црните“ капитулираше брзо, беше совладан со девет гола разлика.

И покрај овие факти, сепак денешната средба е поинаква, мотивот на двете страни е голем, ветува интересен натпревар. Двете екипи пред стартот на сеозната се сретнаа во Струга на меѓународниот турнир, дуелот заврши без победник.

ПретходноСветот му се смее на Рис Џејмс
СледноПиоли: Важно е да се постигнуваат многу голови