Гризман знае и од корнер да дава голови, двоен стрелец за славје на „јорганџиите“! (ВИДЕО)

72

Со двата гола на Антоан Гризман во 54. и 71.минута, екипата на Атлетико Мадрид успеа да дојде до победа со 1:2 на гостувањето кај Бетис. Првиот гол беше директно од корнер. Голот за домашните беаше дело на Фекир во 84.минута. Бетис преку Хернандез претходно постигна уште еден гол, но истиот беше поништен од ВАР системот поради офсајд.

Атлетико Мадрид и покрај тоа што имаше 0:2, сепак не дојде баш така лесно до победата кај силниот тим на Бетис, но кога го имаш Гризман во своите редови тогаш се е полесно. Треба да се каже дека домашните преку Морено во 90.минута ја погодија пречката. Инаку ова беше битка за третата позиција на табелата во Ла Лига во меч од 11.коло. Пред да започне овој натпревар и двете екипи имаа по 20 бодови, па така сега составот на Диего Симеоне има 23 бода и се проби на третата позиција на табелата веднаш зад Реал Мадрид и Барселона.

ПретходноСензација: Бохум го „скрши“ лидерот Унион Берлин! (ВИДЕО)
СледноАнчелоти е горд: Ова е најдобриот тим што сум го тренирал!