Ислам Макачев е нов ММА шампион (ВИДЕО)

309

Наледникот на легендарниот Хабиб Нурмагомедов во, Ислам Макачев е новиот шампион во лесна категорија во оваа конкуренција. Тој во борбата која се одржа во Абу Даби го совлада бразилецот Чарлс Оливеира во борба која траеше две рунди и во која „Кариоката“ беше принуден да се предаде.

Секако, присутен на борбата беше и самиот Нурмагомедов кој по дуелот го носеше Мамачев низ октагонот.

Макачев во „Итихад“ арената го совлада Оливеира кој пак имаше единаесет последователни победи. Со овој триумф остварен е планот на легендарниот татко на Хабиб, сега веќе покојниот Абдулманап кој предвиде дека кога неговиот син ќе се пензионира, нов шампион ќе биде токму Макачев.

ПретходноСаинц стартува прв во САД денеска
СледноПочина сопственикот и основач на Ред Бул